Top Sport

Ред бул не се шегува – Рикјардо најбрз на тренингот во Азербејџан

Победникот на Кинеското ГП, Даниел Рикјардо беше најбрз на втората тренинг сесија пред Азербејџанското ГП во Баку, покажувајќи дека Ред бул се подготвени да се борат со Мерцедес и Ферари за победи и подиуми во секоја трка.

Рикјардо беше побрз од Кими Раиконен во Ферари, додека неговиот колега Себастијан Фетел имаше мизерен ден на улиците на азербејџанската престолнина со 10. место во првата и 11. во втората сесија.

Макс Ферстапен, кој пред викендот вети дека нема да престане да вози брзо, го покажа тоа, прво со излетување во првата сесија, а потоа со трето најдобро време во втората.

Мерцедес, тимот кој доминираше последните четири сезони, не можеше да се пофали со брзината во петокот, откако Валтери Ботас беше четврти, а Луис Хамилтон петти. Ветувачки е што Ботас беше најбрз на првиот тренинг (со само 0.035 пред Рикјардо), додека Хамилтон беше четврти.

Scroll to Top