Дионтеј Вајлдер, или „Бронзениот бомбардер“, како што сака самиот да се нарекува, во саботата во седмата рунда го „здроби“ Луис Ортиз со пеколен нокаут уште еднаш покажувајќи дека го има можеби најмоќниот удар меѓу тешкашите, но видеото кое се појави онлајн од 2013 од спаринг со Дејвид Хеј, покажува колку работите се смениле во овие шест години.
Вајлдер и Хеј, кој тогаш беше шампион во тешка категорија, спарингуваа како дел од подготовките на Хеј за дуелот со Тајсон Фјури во 2013 година, кој беше откажан една недела пред закажаниот термин поради повреда со Хеј. Иако од видеото има само 30-тина секунди, јасно се гледа како Хеј доминира против Американецот во секој потег, и ги зголемува тврдењата дека Вајлдер само „нокаут специјалист“ без многу тактички квалитети.
Иронично, Вајлдер сега би требало да добие втора шанса токму против Тајсон Фјури во февруари 2020 година.
? Old Footage of David Haye schooling Deontay Wilder in sparring.
[@mrdavidhaye]pic.twitter.com/xb1WzHuZ5s
— All Of The Belts ? (@AllOfTheBelts) November 21, 2019