Top Sport

Како Кинезите ги подготвуваат децата за тешкиот живот! (видео)

Руската ТВ мрежа „РТ“ беше во посета на кинеско училиште за борбени вештини во кое се покажува како од млада возраст се учат децата на гимнастички трикови во неверојатно видео кое стана вирално на Интернет.

Децата од училиштето „Црвени деца“ во источниот кинески град Јантаи во провинцијата Шандонг, ги покажаа своите гимнастички квалитети, а директорот на училиштето, Хуиџие Сонг вели дека сите се охрабруваат да го достигнат својот потенцијал и дека не се работи само за обични трикови.

„Децата треба да надминат големи тешкотии додека растат, и едукацијата за фрустрациите на животот можат само да им помогнат, заедно со духот на Црвената Армија. Се надеваме дека помагаме децата да научат да се справат со проблемите во животот и во исто време да не ја заборават нашата историја“, вели Хуиџие.

 

View this post on Instagram

 

Chinese child gymnasts train hard in Yantai #china #yantai #gymnastics #flip

A post shared by Ruptly (@ruptly) on

Scroll to Top