Top Sport

Како на филм! Алафилип славеше предвреме, Роглич му ја украде победата

Францускиот велосипедист Жулиен Алафилип доживеа засрамувачки пораз на класичната Лиеж-Бастоњ-Лиеж трка, откако поради предвремено славење ја загуби победата од словенечкиот ас Примож Роглич.

Снимката на која Алафилип ја губи победата сигурно ќе се врти како пример на предвремено славење, откако Роглич, второпласираниот на Тур де Франс оваа година, успеа да се „испружи“ и да стигне до победата, која беше одредена со фото-финиш.

Светскиот шампион Алафилип, исто така можеше да заработи и казна пред финишот, откако му пресече пат на Марк Хирши за време на спринтот, спречувајќи го Хирши и шампионот од Тур де Франс, Тадеј Погачар да се борат за победа.

Scroll to Top