Top Sport

Калин Ивановски поразен на стартот на челенџерот во Прага

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка на челенџ – турнирот во Прага. Тој на стартот налета на Швајцарецот Доминик Штрикер, кој е рангиран на 129. позиција на АТП листата, и загуби со 2:0 во сетови.

Штрикер првиот сет го доби со 6:2 во гемови, а во ист стил продолжи и во вториот, кога повторно му дозволи само два гема на Ивановски.

Scroll to Top