Top Sport

Камил Стох е незапирлив, малер за Фрајтаг! (видео)

Актуелниот шампион од новогодишната турнеја „4 скокалници“, Камил Стох стигна до третата победа во третото натпреварување во Инсбрук, за титулата да биде само формалност на последната станица во Бишофсхофен, посебно откако неговиот главен ривал, Германецот Рихард Фрајтаг падна при првиот скок и на крајот немаше пласман.

Таму, Стох покрај „орелот“ за титулата, ќе брка и повторување на рекордот на германската легенда Свен Ханавалд, кој во 2001/02 стана единствениот скокач кој победил на сите четири натпреварувања.

Стох имаше скокови од 130 и 128.5 метри за да собере 270.1 поени за своја 34. победа од Светскиот куп пред Норвежанецот Даниел Андре Танде со 255.6 поени (129.5 и 125 метри) и Германецот Андреас Велингер со 253.5 поени (133 и 126 метри).

Сега, во Бишофсхофен Стох патува со 833.2 поени, пред Велингер со 768.7 и Јапонецот Џуниширо Кобајаши со 765.7 поени. Во генерален пласман, Фрајтаг останува лидер со 711 поени пред Стох со 623 и Велингер со 509.


Scroll to Top