Репрезентацијата на Канада го освои АТП купот во Сиднеј. Канаѓаните на тронот ја наследија Русија, која ја елиминираа во полу-финалето. Во финалето Канада ја победи селекцијата на Шпанија.
Канаѓаните победија во сингл-мечевите, што им ја донесе победата.
Првиот поен го освои Денис Шаповалов против Пабло Карењо-Буста. Шаповалов победи по 100 минути игра со 6/4, 6/3.
Решавачкиот поен го освои Феликс Оже-Алијасим против Роберто Баутиста-Агут. Најдобриот канадски рекет, славеше против искусниот Шпанец по два часа и 14 минути со 7/6, 6/3.