Top Sport

Канада преку Австралија до првата Дејвис куп титула во историјата

Канада првпат во историјата стана шампион од тенискиот Дејвис куп во неделата, откако Феликс Оже-Алијасим ја комплетираше својата фантастична сезона со 6:3/6:4 победа над Австралиецот Алекс де Минаур за да им донесе недостижно 2:0 водство во финалето во Малага, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Претходно, во првиот меч, 18-рангираниот Денис Шаповалов имаше фуриозен старт за 4:0 водство за потоа со 6:2/6:4 да го декласира Танаси Кокинакис да им донесе водство од 1: на Канаѓаните по само 89 минути игра.

Оже-Алијасим спаси три брејк топки на почетокот на првиот сет, пред да го враати ритамот и во осмиот гем да направи брејк, кој беше доволен да се освои првиот сет. Тој го продолжи темпото и во вториот сет, каде што спаси уште две брејк топки во вториот гем, за потоа во третито да направи брејк и за рутински да ја донесе првата титула на Канада по поразот во финалето во 2019 година.

Scroll to Top