Top Sport

Канаѓаните „бронзени“ на хокераскиот турнир

Канада го освои бронзениот медал на хокераскиот турнир во Пјонгчанг, откако во „малото финале“ ја победи Чешка со 6:4.

Канада и Чешка одиграа фантастичен меч, во кој двете селекции повеќе внимание посветија на играта во нападот.

Во првата четвртина за нецела минута беа постигнати три гола. Ебет постигна гол за Канада на истекот на деветтата минута, 16 секунди подоцна израмни Ружичка, а нова предност на Канѓаните им донесе Кели, кој погоди по 15 секунди од израмнувачкиот гол на Чешка.

До крајот на првата третина Канада постигна уште еден гол. Стрелец за 3:1 беше Рој.

Мрежите мируваа во втората четвртина, а потоа играчите „експлодираа“ на теренот во последниот период во кој беа постигнати шест гола.

Ебет со својот втор гол и донесе водство ан Канада 4:1, но како и во првата третина Чесите експресно возвратија. Ковар постигна гол и намали на 4:2, а Кели и Волски ја погодија чешката мрежа за недостижни 6:2.

До крајот на натпреварот Чесите постигнаа два гола и изборија присотен пораз.

Финалето на хокеарскиот турнир во кој ќе играат Русија и Германија на програмата е в недела од 5:10 часот по средоевропско време.

Scroll to Top