Top Sport

Серена го потврди настапот во Индијан Велс

Американката Серена Вилијамс потврди дека во 2018 година ќе настапи на шест турнири. Серена нема настап на официјален турнир од минатогодишниот Авастралија опен, каде ја освои титулата.

Иако нејзиниот план беше на тенисот да му се врати токму во Мелбурн, на почетокот на годината, сепак таа го откаѓа настапот во Мелбурн, бидејќи не била физички доволно подготвена.

Некогашната број 1 на терените ќе се врати на мастерсот во Индијан Велс кој ќе се одржува од 7. до 18.март. Според програмата таа ќе настапи и на турнирите во Мајами, Мадрид, Рим, на Ролан Гарос и на Отвореното првенство на САД.

Во распоредот на Серена го нема Вимблдон, но таа не ја исклучува можноста да настапи и на најценетиот турнир во светот на тенисот.

Scroll to Top