Саул „Канело“ Алварез стигна до фантастичан победа со нокаут над Русинот Сергеј Ковалев за да стане шампион и во четврта тежинска категорија.
Мексиканската суперѕвезда првпат во кариерата влезе во ринг во средно-тешка категорија, но тоа не му пречеше брутално да го собори Ковалев во 11. рунда и да ја освои ВБО титулата и да го подобри својот скор на 53-2-1.
„Ова е само чекор напред во мојата кариера, ви кажав дека треба да бидете трпеливи и дека ќе влезам во историјата. Морав да бидам трпелив бидејќи знаев дека тој е голем фајтер и останав на својот план. Тој беше дефанзивен, но најдов решение“, вели 29-годишниот Канело.
4 X WORLD CHAMPION ???? pic.twitter.com/TOOV5nuLDB
— Canelo Alvarez (@Canelo) November 3, 2019