Top Sport

Канзас сити Чифтс ќе го бранат трофејот против Тампа Беј

Канзас сити Чифс ќе ја бранат титулата на 55.Супербоул против Тампа Беј Баканирс. Чифтс ја освоија титулата во Американската фудбалска конференција со победата 38:24 над Бафало Билс, додека Баканирс, во финалето на Националната фудбалска конференција, беа подобри од Грин Беј Пекерс со 31:26.

Канзас сити Чифтс, на 7.февруари во Тампа ќе се обидат да го одбранат трофејот. Доколку тоа им успее ќе го израмнат рекордот на Њу Ингланд Петриотс, кои во 2004 и 2005 година го освојуваа Ломбарди трофејот.

Оваа година, прв пат во историјата, еден тим финалето ќе го игра на домашен терен.

Scroll to Top