Top Sport

Словенците по елиминацијата лути на германските судиите

Ракометната репрезенатција на Словенија на драматичен начин испадна од Светското првенство. Словенците одиграа 25:25 со домаќинот Египет, иако на стартот од второто полувреме, имаа предност 15:10.

Словенците се жалат на судењето и на работи кои немаат врска со ракометот. Осум играчи на Словенија ден пред натпреварот имаа стомачен вирус, а натпреварот не можеа да го играат првиот стрелец Драган Гајиќ и командантот на одбраната Блаж Благотиншек.

„Многу работи би сакал да кажам, но не можам, ќе морам да премолчам“, рекол капитенот на репрезентацијата Јуре Доленец.

„Дадовеме се од себе. Не уништија нашите и туѓите глупости. Пола тим, на денот на натпреварот висеше во тоалетот. Тројца не можеа да играат. Тоа им се случи и на Хрватите. Малку ми е чудно сето тоа“.

Селекторот Љубомир Врањеш рекол деке е горд од борбеноста на својот тим.

„Имавме многу играчи со здравствени проблеми. И со сте проблеми имавме можност за победа. На целиот турнир загубивме еден меч и испаднавме“.

„Секој што следи ракомет виде што се случи“, рекол Блаж Јанц.

Scroll to Top