Светскиот рекет број 15, Русинот Аслан Карацев вели дека неговиот сонародник Данил Медведев не треба да очекува поддршка од публиката кога ќе игра со тенисери како Рафаел Надал, откако вчера Медведев изјави дека е разочаран од однесувањето на публиката кога го загуби финалето од Австралија опен од Надал.
25-годишниот Медведев честопати беше во дискусија со судиите, реагирајќи на навивачите „без мозок“ кои правеа врева меѓу неговите сервиси и додаде дека размислува дали да игра на Ролан Гарос и Вимблдон бидејќи се чувствува како „дете кое престанало да сонува“.
Карацев, кој во 2021 беше полуфиналист во Мелбурн, но оваа година загуби во третото коло, вели дека знае како се чувствува неговиот колега од Дејвис куп тимот, но дека сите мора да очекуваат дека публиката ќе е против нив кога ќе играат против Надал и Роџер Федерер.
„Тоа е нормално. Надал се врати од повреда по шест месеци и сите навивачи сакаа да го поддржуваат. Можеби Данил беше разочаран и чувствуваше екстра притисок, но треба да сфати дека играл против Рафаел Надал. Ќе биде исто ако игра против Федерер. Сите го сакаат него. И мене ми се случило, но не можете да направите ништо. Не можете да им кажете на навивачите: ‘Навивајте за мене’. Тоа нема смисла“, вели 28-годишниот Карацев, кој ја освои титулата од Дејвис купот покрај Медведев во декември.
„Детето во мене престана да сонува. Во иднина нема по секоја цена да играм на гренд-слем турнирите“