Top Sport

Карацев сака злато во Токио!

Рускиот тенисер Аслан Карацев кој стигна до 27-та позиција на АТП листата по освојувањето на турнирот во Дубаи сега има високи амбиции.

Тенисерот од Владикавказ кој го шокираше тенискиот свет со пласманот во полуфиналето на годинешниот Австралија опен сега ја најави својата нова цел – олимписки медал.

„Навистина ни е желба да учествуваме на Олимпијадата, да ја презентираме Русија. Мора да почнеме со подготовките. Тоа е поинаков турнир, ОИ отсекогаш се нешто посебно значајно, па сакаме на нашата земја да и донесеме медал. Златна, ако е можно“ изјави Јегор Јацук, тренерот на Аслан Карацев за агенцијата „ТАСС“.

Scroll to Top