Top Sport

„Карантин за невакцинираните тенисери во Мелбурн“

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, рекол дека тенисерите и тенисерките кои не се вакцинирани ќе можат да настапат на гренд слемот во Мелбурн. Претходно тие ќе мора да минат две недели во изолација.

„Исти правила важат за сите. Не е важно дали се работи за гренд слем шампион, премиер, бизнисмен, студент или некој друг“, изјавил за „Севен њуз“, премиерот на Австралија.

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, одбил да открие дали е вакциниран. Тој минатата недела порача дека можеби нема да игра на Австралија опен. Ѓоковиќ, во кариерата, девет пати победил во Мелбурн

Scroll to Top