Top Sport

Карењо Буста со титула во Марбелја, двоен триумф на Сонего во Каљари

Првиот носител, Пабло Карењо Буста ја освои својата прва АТП титула на домашен терен, откако со 6:1/2:6/6:4 го совлада шпанскиот сонародник Хауме Мунар за титулата од Андалузија опен во Марбелја.

До својата 200. победа на АТП турнејата, Карењо Буста стигна по тешки 2 часа и 21 минута против 23-годишниот противник. Ова е петта АТП титула во кариерата на Карењо Буста и прва од Ченгду во 2019 година.

На Сардинија пак, Лоренцо Сонего стана првиот Италијанец по 16 години со титула на домашен триумф, комплетирајќи ја двојната титула во Каљари. Третиот носител се врати од сет негатива за 2:6/7:6(5)/6:4 победа над Србинот Ласло Ѓере по три часа игра во Каљари. 25-годишниот Италијанец исто така е првиот тенисер по Фелисијано Лопез во Лондон во 2019, кој успеал да ја освои титулата во сингл и во двојки на ист турнир, откако вчера со Андра Вавасори триумфираше во дубл.

Scroll to Top