Германецот Карл Гајгер стигна до изненадувачка деби победа во Светскиот куп во ски скокови во швајцарскиот Енгелберг, прекинувајќи ја лошата низа на германските скокачи.
25-годишниот Гајгер, кој претходно беше на подиумот во Лахти во 2006 година, го имаше најдолгиот скок од 141 метри во втората серија за да скокне од петтото место на првото пред Полјакот Пјотр Зила и Австриецот Даниел Хубер.
Победата доаѓа на само две недели пред стартот на новогодишната турнеја „4 скокалници“, каде што тој ќе биде еден од фаворитите за победа по овој изненадувачки триумф.
Фото: ЕПА
Karl Geiger wins a first WC win for him in Engelberg in what was a close competition https://t.co/nM7doeR4Ok pic.twitter.com/kJyWcBQzIu
— Skisport365.com (@skisport365) December 15, 2018