Top Sport

Карлос Алкараз влезе во историјата на турнирот во Мајами

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз триумфираше во финалето на турнирот во Мајами совладувајќи го Каспер Руд со 2:0 во сетови (7:5, 6:4) и стана најмлад победник во историјата. Тој со 18 години и 11 месеци дојде до првата титула и стана и трет најмлад тенисер во историјата што победил на еден мастерс-турнир.

Алкараз за неполни два часа успеа да го скрши отпорот на Норвежанецот Руд, кој беше шести носител.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');