Top Sport

Кавендиш испишува историја – 34. освоена етапа на „Тур д`Франс“

Британскиот велосипедист Марк Кавендиш достигна историски резултат – ја освои 34-тата победа во кариерата на престижната „Тур д`Франс“ велосипедска трка откако денеска славеше на 13-тата етапа од Ним до Каркасон во должина од 219,9 километри.

Кавендиш го израмни рекордот на Белгиецот Еди Меркс.

За велосипедистите на „Квик степ“ ова е четврти триумф на трката во Франција, па доколку победат на уште една етапа ќе останат на врвот на листата на рекордери.

Британецот етапата ја помина за 5 часа 4 минути и 29 секунди, откако во фото-финиш зад себе ги остави Михаел Морков, Јеспер Филипсен, Иван Гарсија и Дани ван Попел.

Во генерален пласман лидер и понатаму е Словенецот, Тадеј Погачар, пред Ригоберто Уран и Јонас Вингегор.

Наредната етапа утре ќе се вози од Каркасон до Куилан во должина од 183,7 метри.

Scroll to Top