Францускиот тенисер Беноа Пер е казнет со 16.500 долари поради кршењето на три рекети на турнирот во Вашингтон .
Пер збесна во текот на мечот со Маркос Багдатис, кој го загуби 6:3, 3:6, 6:2.
Пер промаши еден смеч на брејк топка, а потоа Кипранинот стигна до водство 5:2 во решавачкиот сет.
Французинот потоа искрши еден рекет, па уште еден и уште еден, а потоа ги фрлили скршените рекети на теренот.
Поради инцидентот што го предизвика Пер заработи казнени поени, го загуби мечот, а потоа АТП му одреди и парична казна од 16.500 евра. Казната е двојно поглема од наградата што Пер за доби за учеството на турнирот.
„Вистина е дека бев многу вознемирен. Меѓутоа она што го паметам е дека сум на добар пат од почетокот на годината. Напредувам оваа година. Оние што ќе се занимаваат со овој случај нека продолжат, јас веќе го заборавив“, рекол Пер.