Top Sport

Кехудо понуди да се омажи за Алдо да добие виза и да го претепа во УФЦ кафезот

Хенри Кехудо понуди да се омажи за својот ММА ривал, Жозе Алдо за Бразилецот да добие американска виза и да може да го „претепа“ и да ја одбрани титулата.

33-годишниот Кехудо требаше да ја брани бантам титулата против Алдо (исто така 33-годишен) во Сао Пауло на УФЦ 250, но откако поради корона вирусот настанот се одложи, мечот се пресели во САД. Алдо мораше да се повлече бидејќи неговата работна виза е истечена, а американската амбасада во Бразил не издава документи поради кризата со корона вирусот.

Наместо тој дуел, Кехудо ќе се бори со Доминик Круз.

„Не сакам да го пуштам Жозе така. Ако треба да се омажам со него за да добие виза, ќе го направам тоа. Буквално, ќе се омажам за да го нокаутирам после. Има проблеми со визата, нема проблем, ќе застанам на едно колено за потоа да го истепам“, вели Кехудо.

Scroll to Top