Top Sport

Сон тренира прецизност, овојпат со огнено оружје!

Корејската ѕвезда на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин од неодамна го отслужува воениот рок во Јужна Кореја, откако Премиер лигата беше стопирана поради корона вирусот, и сега се појави фотографија на која тој се враќа од вежби за стрелање со огнено оружје на стрелиштетото на американските маринци на островот Џеџу.

27-годишниот напаѓач ја започна тринеделната воена обука минатиот месец, откако доби „поштеда“ како капите на фудбалската репрезентација која освои злато на Азиските игри во 2018 година. Инаку, вообичаениот воен рок во Јужна Кореја трае 21 месец.

По враќањето во Англија, тој ќе мора да оди во 14-дневен карантин, иако двапати помина ваков карантин – пред заминувањето во Кореја и по пристигнувањето во татковината. Се очекува премиерлигашите да се вратат на тренинзи на 18 март, а лигата да се рестартира на почетокот на јуни.

Scroll to Top