Top Sport

Кениецот Кипруто постави светски рекорд на 10 километри

Кениецот Ронекс Кипруто постави нов светски рекорд во трка на 10 километри на улична патека, триумфирајќи на трката во Валенсија.

Кипруто, кој е освојувач на бронза од последното СП на 10.000 километри, постави време од 26:24, за да го подобри за 14 секунди времето на Џошуа Чептегеи од пред шест недели, поставен исто така во Валенсија, но на поинаква патека.

20-годишниот Кипруто исто така го подобри и светскиот рекорд на 5 километри стигнувајќи до поливината на трката (13:18). Неговиот сонародник Бенард Кимели го освои второто место (27:12) пред Швајцарецот Јулиен Вандерс (27:13).

Во женската трка триумфираше Кенијката Шила Чепкируи со 29:46, трето најдобро врреме во историјата, триумфирајќи пред две сонароднички – Розмери Ванџиру и Нора Џеруто.

Scroll to Top