Top Sport

Рамос: Атлетико не се непријатели, тоа е грд збор

Капитенот Серхио Рамос вели дека Реал Мадрид ќе се „бори до смрт“ за победа над градскиот ривал Атлетико Мадрид во денешното финале на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, иако двата тима не освоија титула минатата сезона.

Мадрид лесно со 3:1 ја победи Валенсија, додека Атлетико се врати од негатива за импресивна 3:2 победа над Барселона. Првиот дуел оваа сезона меѓу двата тима заврши без голови во септември, но Рамос вели дека ривалите не се „непријатели“.

„Грдо е да се зборува за непријатели, се работи за спортско ривалство. Ниту еден тим е ни е непријател, туку само ривал, но секој има право да мисли како што сака. Тие се силен тим, со одличен тренер и се борат до крај. Ние сме подготвени и ќе се бориме до смрт за оваа титула“, вели Рамос.

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) беше критикувана за форматот на Суперкопа оваа сезона, поставувајќи четири тима, за разлика од претходните дуели кога играа освојувачите на шпанската титула и на Копа дел реј.

„Форматот не зависи од нас туку од федерацијата и мислам дек тоа е добро. Суперкопа повторно е вреден трофеј и сега има четири тима кои се борат. Да, оваа сезона тоа е во наша предност, бидејќи бевме поканет тим, но тоа може да биде случај со друг клуб следната сезона“, објаснува Рамос.

Scroll to Top