Top Sport

Кенин спаси три меч-топки и го крена трофејот од Мајорка

Американската седма носителка, Софија Кенин спаси три меч-топки за да ја победи третата носителка, Белинда Бенчич со 6:7(2)/7:6(5)/6:4 за да го освои трофејот од Мајорка опен, подготвителен турнир за Вимблдон.

За светската тенисерка број 30 ова е втора титула во кариерата и прва на трева откако победи во Хобарт, Австралија во јануари. 13-рангираната Бенчич имаше три меч поени на 5:4 во вториот сет, но успеа да пропушти сигурна шанса за победа.

20-годишната Кенин се промовираше во тениската елита на Ролан Гарос, каде што ја елиминираше Серена Вилијамс.

Scroll to Top