Top Sport

Кениска доминација на маратонот во Бостон

Бенсон Кипруто и Дајана Кипјогеи донесоа двојна кениска победа на 125. издание на Маратонот во Бостон, во прво оддржување на трката од 2019 година.

Кипруто победи со време од 2:09:51, со 46 секунди предност пред Етиопјанецот Леми Берхану, додека Кипјогеи имаше 24 секунди предност пред сонародничката, ветеранката Една Киплагат.

Маратонот во 2020 беше откажан поради пандемијата на КОВИД-19, додека овогодишната трка беше преместена од април во октомври.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');