Top Sport

Кениски маратонец суспендиран по позитивниот тест на отров за глувци!

Кенискиот маратонец Феликс Кирва доби суспензија од девет месеци поради позитивен тест на стрихнин, средство кое подобро е познато како отров за глувци.

23-годишниот Кирва доби суспензија до 14 ноември и го загуби второто место на маратонот во Сингапур во 2018 година, иако тој инсистираше дека супстанцијата случајно влегла во неговото тело преку хербални лекови кои ги земал поради здравствени причини, но Атлетското тело за интегритет (АИУ) вели дека тој не бил доволно внимателен во конзумирањето на средства.

Стрихнинот, и покрај отровноста, носи подобрување на перформансите – подобрена физичка издржливост при силни напори, иако како несакани ефекти се појавува грчење на мускулите и чувствување на немир.

Scroll to Top