Top Sport

Азар пречекан како мега-ѕвезда на „Бернабеу“ (галерија+видео)

Еден Азар официјално беше презентиран како нов фудбалер на Реал Мадрид, и очигледно дека навивачите на „лос бланкос“ сметаа дека се работи за засилување по „мерка“ на славниот клуб, откако над 70 илјади гледачи дојдоа на „Сантијаго Бернабеу“.

По поминувањето на медицинските тренинзи, Азар прво го потпиша договорот во присуство на претседателот Флорентино Перез, по што излезе пред своите нови навивачи.

„Ќе зборувам француски, бидејќи треба да го подобрам познавањето на шпанскиот јазик. Едвај чекам да го облечам овој дрес . Како што кажува и претседателот, остварување на сонот е да се игра за овој клуб“, изјави Азар.

Перез вели дека Азар од првиот ден ќе сфати што е најважно за да се носи дресот на Реал.

„Сега си каде што сакаше да бидеш, тоа беше еден од твоите соништа. Сега, тој се оствари. Ова ќе биде твојот дом и местото каде што ќе ја почувствуваш големата страст. Од првиот ден ќе сфатиш дека тука најважни се навивачите, тие кои го сакаат Реал Мадрид. Фановите ќе бидат зад тебе бидејќи знаат дека си единствен и твојот фудбал е специјален“, изјави Перез.

Scroll to Top