Анжелик Кербер со убедлива победа во Мелбурн го прослави 31. роденден. Германката во третото коло ја декласира домашната тенисерка Киберли Бирел. Третата рунда во Мелбурн ја мина и Чешката тенисерка Петра Квитова.
Кербер ја прегази 240. тенисерка на ВТА листата. Германката на Бирел и препушти само еден гем. Мечот траеше точно еден час, а Кербер гем на противничката и препушти во првиот сет, додека вториот го доби со нула.
Германката која лани играше во полу-финалето, во четвртото коло ќе игра против Даниел Колинс. Американката приреди изненадување со победата 6/3, 6/2 над 19. носителка Каролин Гарсија од Франција.
Нешто повеќе од еден час на теренот мина Петра Квитова во дуелот со Швајцарката Белинда Бенчиќ. Квитова победи со 6/1, 6/4 и во наредното коло ќе игра против 17-годишната сензација од САД, Аманда Анисимова.