Top Sport

Кербер подобра од Осака по „епска“ битка во Сингапур

Анџелике Кербер ја доби фантастичната битка со Наоми Осака со 6:4/5:7/6:4 за да остане на добар пат до пласман во полуфиналето на ВТА финалето во Сингапур по меч кој траеше 2 и пол часа и во кој се судрија две актуелни гренд слем шампионки.

Германката Кербер, која е шампионка од Вимблдон, сега ќе игра со Слоун Стивенс, која исто така се намачи пред да стигне до 7:6(4)/2:6/6:3 победа над Холанѓанката Кики Бертенс. Сега, Стивенс има две победи, Кербер и Бертенс по една, додека Осака, шампионката од САД опен, има само теоретски шанси за полуфинале откако ги загуби првите два меча во Сингапур.

Мечот на Кербер и Осака започна со три брејка во низа, пред Кербер да направи клучен брејк и да го освои сетот, но Јапонката се врати во вториот сет, во кој трипати се враќаше од брејк за да израмни на 1:1. Нервозата беше голема во тесниот трет сет, во кој Кербер едвај ги задржуваше емоциите, но еден брејк и беше доволен за голема победа.

Фото: ЕПА

Scroll to Top