Континенталната хокеарска лига (КХЛ) објави дека ќе им дозволи на своите играчи да се натпреваруваат на Зимската олимпијада во Пјеонгчанг, откако руските власти дозволија на своите спортисти да се натпреваруваат како неутралци.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) минатата недела објави дека Русите се суспендирани од Олимпијадата поради „историска манипулација на допинг-тестовите“, но дозволи нивните спортисти да се натпреваруваат без знаме и под името „Олимписки спортисти од Русија“.
Минатата недела, претседателот на КХЛ, втората најмоќна хокеарска лига на светот по НХЛ, Дмитриј Чернишенко најави дека е можно тие да им забранат на своите хокеари да одат на Олимпијадата како „одмазда“, но сега бордот на директори на КХЛ им посака среќа на сите хокеари кои ќе ги претставуваат своите национални репрезентации во Кореја.
Доколку се случеше и КХЛ играчите да бидат спречени да одат на Олимпијадата, хокеарскиот турнир во Пјеонгчанг ќе беше драстично ослабен, откако и НХЛ објави дека нема да ги пушти своите играчи поради предолгата пауза во сезоната.