Top Sport

Килде победи во Вал Гардена

Норвежанецот, Александер Омот Килде, победи на трката во супервелеслалом, која се возеше во Вал Гардена.

Килде победи со резултат 1:5.91 минута, пред Австријците Матијас Мајер и Винсент Крихмајер.

Килде четврти пат во кариерата победи во Вал Гардена.

Лидерот во генералниотм пласман, Марко Одермарт, го освои скромното 24. место.

Мајер води во вкупниот поредок, во супервелеслалом, со 210 поени, 10 помалку има Килде.

Во борбата за малиот кристален глобус во оваа дисциплина ќе се возат уште четири трки: две во Бормио и по една во Норвешка и Франција.

Scroll to Top