Top Sport

Кинескиот трофеј за Марк Селби

Марк Селби го сопре доцниот обид за кам-бек на Марк Ален за 10:7 победа на Интернешнл шампионатот во Дакинг, Кина.

Светскиот снукер играч број 1 втора година едноподруго го добива победничкиот чек од 150.000 фунти по одличната победа. Откако лани го совлада домашниот фаворит Динг Џунхуи со 10:1, Селби поведе со 5:3 против Ален, по што ја презеде контролата со брејкови од 55, 60 и 61.

Селби водеше по паузата, но Ален успеа да остане во игра, победувајќи во седум фрејма, пред Селби прв да стигне до победничкиот фрејм.

Ова е 13. ранкинг-титула во кариерата на Селби, од кои шест се освоени последните 16 месеци, и сега останува убедливо прв на рејтинг-листата пред Динг, додека Ален со чекот од 75.000 фунти е на шестото место.

Scroll to Top