Top Sport

Кинеските поставија светски рекорд, Дресел до златен медал со олимписки рекорд

Кајл Дресел и репрезентативките на Кина се теми на денот во пливачкиот свет на Олимписките игри во Токио.

Американецот Кејлеб Дресел го освои златниот медал на трката на 100 метри слободно.

Дресел, направи уште еден подвиг, до златниот медал дојде со нов олимписки рекорд, 47.02 секунди.

Покрај новиот олимписки рекордер место на пиедесталот изборија, сребрениот Кајл Чалмерс од Австралија и бронзениот Климент Колешников од Русија.

Кина постави светски рекорд во штафетната трка 4×200 метри слободно. Јанг, Танг, Жанг и Ли, испливаа нов светски рекорд 7:40.33 минути. Американките благодарение на Кети Ледецки, која пливаше во последната измена го освоија среброто (7:40.73), додека фаворитките за златниот медал, репрезентативките на Австралија, го освоија бронзениот медал (7:41.29).

Scroll to Top