Елијуд Кипчоге и Меги Мекнејл се избрани за најдобри спортисти на Олимписките игри во Токио. Ова го решија челниците на Националните олимписки комитети.
Кипчоге победи во маратонската трка. Делницата ја мина за 2:08.38 часа. Се одвои од конкурентите на 30.километар и на крајот забележа убедлива победа.
Мекнејл блескаше во Акватик центарот во Токио. Таа освои злато во дисциплината 100 метри пепрутка, беше втора во штафетата 4×100 метри слободно и трета во штафетата 4×100 метри мешано.
Наградите на Кипчоге и Мекнеј, на свечена церемонија на Крит им го врачи претседателот на Националните олимписки комитети, Мустафа Бераф.