Top Sport

Кипчоге се откажа од ОИ во Париз

Елиуд Кипчоге, двократен олимписки шампион во маратон, објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Париз.

Кениецот напиша дека нема да трча на најголемиот светски спортски настан од приватни причини.

„За мене само учеството на Олимписките игри беше сон. Со нетрпение очекував да атакувам на третата титула, но по долго размислување решив дека во овој момент од мојот живот имам други приоритети“, изјави Кипчоге.

Покрај две злата во најдолгата трка, Кипчоге на Игрите освои и два медали на 5000 метри. Во Атина во 2004 година беше трет, а четири години подоцна во Пекинг го освои среброто.

Scroll to Top