Фејт Кипјегон покажа дека нема конкуренција на 1.500 метри. Кенијката славеше во финалето на трката во Токио, со време на нов олимписки рекорд, 3:53.11 минути.
Темпото во трката од почетокот го диктираше нејзината најголема ривалка, Холанѓанката Сифан Хасан, која во Токио освои злато на 5.000 метри.
Кипјегон, без проблем го следеше темпо, а кога започна за финишира на 250 метри до целта, ривалките не може да го испратат нејзиниот ритам.
Хасан стана жртва на сопственото темпо, на крајот го освои третото место. Среброто и припадна на искусната Британка, Лора Мјур (3:54.50). Ова е новиот рекорд на Велика Бротанија.