Еден од најдобрите светски атлетичари, Бенџамин Киплагат е пронајден мртов во неговата родна Кенија.
Според полицијата, како што пренесува „France24.com“, Киплагат бил пронајден во автомобилот со убодна рана во вратот.
Сè уште не е потврдено, но се верува дека тој бил нападнат и избоден до смрт.
Киплагат настапил на неколку Олимписки игри и Светски првенства.
Киплагат е Кениец по раѓање, но ја претставуваше Уганда на 3.000 метри стиплчез.
Неговото тело е пронајдено во близина на градот Елдорет, каде што живеат многу спортисти.
„Покрената е истрага, а полициските службеници се на терен и го истражуваат случајот“, изјави полицискиот командант на Елдорет, Стивен Окал.
Нова голема трагедија го снајде спортот.