Top Sport

Кирхмајер победи во Венген

Винсент Кирхмајер, победи на шестата спуст трка сезонава , во Светскиот куп. Австриецот славеше на легендарната патека во Венген. Ова е втора победа за Кирхмајер на оваа патека, првата ја забележа во 2019 година.

Најдолгата патека во Светскиот куп (4,45 километри), Кирхмајер ја мина за 2:26.09 минути.

Втор беше домашниот натпреварувач Беат Фојц. Трикратниот победник на оваа патека зад победникот задоцни за 34 стотинки. Третото место му припадна на Доминик Парис од Италија.

Лидерот во генералниот пласман, Марк Одермарт, трката ја заврши на четвртото место.
Парис е лидер во вкупниот пласман во оваа дисциплина со 316 бодови, девет повеќе од Алекандер Омот Килде и Беат Фојц.

Во генералниот пласман убедливо води Одермарт со 1.075 поени, втор со 685 е Килде.

Scroll to Top