Top Sport

Кирјос бара спаринг партнер за на САД опен!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос на годинешниот САД опен доаѓа како 85. светски играч со многу малку одиграни мечеви во изминатите година ипол.

Откако трае оваа корона пандемија повеќе е активен на социјалните мрежи отколку на теренот, но сега сака да настапи во Њујорк.

Сепак, потребно е да го почувствува теренот за да влезе во форма пред стартот на мечевите, а засега нема спаринг партнер.

Тој на социјалните мрежи побара партнер со кого би тренирал:

„Дали некој сака да тренира во среда во Њујорк: Јавете ми се“ порача Кирјос.


Тој изминатиов период беше во центарот на вниманието.

Во Торонто повторно се расправаше со судијата, а на турнирот во американски Винстон-Сејлем го откажа настапот во првото коло против Енди Мареј на само неколку минути пред стартот.

Scroll to Top