Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос е во исчекување на разврската на АТО околу евентуалната негова суспензија по испадот кога Светската тениска асоцијација ја нарече корумпирана.
Во меѓувреме ноќеска претрпе елиминација во третото коло на тенискиот гренд-слем САД Опен од рускиот тенисер, Андреј Рубљов.
Русинот славеше победа со 3-0 (7-6 7-6 и 6-3).
Кирјос најпрво на мечот се жалеше дека не може да гледа добро, па затоа тој на неколкупати ставаше капки за очи во текот на мечот.
Во еден момент, камерите го уловија Австралиецот како вели „Јас и не сакам да сум овде, само сакам дома“.
Освен Кирјос, турнирот заврши и за Американецот Сангрен кој со 3-0 беше поразен од Аргентинецот, Диего Шварцман, а францускиот ас, Гаел Монфилс во возбудлив меч, со 3-2 славеше триумф над Шаповалов од Канада.