Ник Кирјос ја освои првата титула на австралиско тло и четврта во кариерата, откако со 6:4/6:2 го совлада Американецот Рајан Херисон во финалето на Бризбејн интернешнл.
22-годишниот Кирјос, кој немаше освоено титула од 2016 година, спаси пет брејк топки во првиот сет, за да се врати импресивно и да го комплетира триумфот со одлична игра од основната линија. Со кревањето на трофејот „Рој Емерсон“, тој стана вториот австралиски шампион на турнирот по Лејтон Хјуит во 2014 година. Со победата, Кирјос ќе скокне на 17. место на АТП листата пред Австралија опен.
„Обожавам да играм тенис пред вас, моите австралиски фанови, иако понекогаш не изгледа така“, изјави Кирјос, кој повеќе пати во последните години беше обвинет дека не го дава својот максимум на тениските терени.
Sealed with an ace! @NickKyrgios clinches victory over Ryan Harrison and takes the @BrisbaneTennis title.
Perfect prep for the #AusOpen… pic.twitter.com/NjcaduFPCT
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 7, 2018
“I love playing in front of you guys, even though sometimes it may not seem that way”
Well said @NickKyrgios. A big 2018 awaits. pic.twitter.com/B1vzQciwei
— #7TENNIS ? (@7tennis) January 7, 2018