Се случи и тоа. Ник Кирјос има позитивен коментар за Новак Ѓоковиќ. Кирјос, кој минатата недела го нарече Ѓоковиќ „будала“, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен, рекол дека „Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс“.
Кирјос, во интервјуто истакнал дека се чувствува сигурно во пресрет на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Тој рекол дека Ѓоковиќ мора да се однесува одговорно, бидејќи е пример за останатите играчи.
„Мислам дека е важно да се повикаат играчите на одговорно однесување, особено тоа треба да важи за оној кој е лидер на нашиот спорт“, рекол Кирјос.
„Технички, Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс, мора да им дава пример на останатите тенисери. Едноставно не беше вистинското време да го прави она што тој го правеше во екот на пандемијата. Сите ние правиме грешки и за нив треба да одговараме. Мораме да бидеме одговорни. Ние сме колеги, се натпреваруваме едни против други, но никој друг не го прозва за она што го правеше со својот турнир“, заклучил Кирјос.
Првиот Гренд слем во сезоната ќе започне на 8.февруари.