Ник Кирјос продолжи вербално да го напаѓа Новак Ѓоковиќ. Откако пред два дена Кирјос рече дека Ѓоковиќ е будала, во најновата изјава вели дека за него српскиот тенисер никогаш нема да биде Г.О.А.Т.
„Не е важно колку Гренд слем трофеи ќе освои, за мене никогаш нема да биде најголемиот во историјата. Причината е што два пати играв против него и ако не мпже мене да ме победи тогаш не може да биде најголемиот во историјата“, рекол Кирјос.
Ѓоковиќ и Кирјос играа два пати во 2017 година, кога српскиот играч имаше проблеми со повредата на лактот на десната рака.
Кирјос славеше 7:6, 7:5 во Акапулко и 6:4, 7:6 на мастерсот во Индијан Велс.