Ник Кирјос „лошото момче“ на светскиот тенис, во неверојатен меч успеа во три сета да го победи Рафаел Надал на турнирот во Акапулко. Австралиецот славеше со 6:6, 7:6, 7:6, откако имаше негатива од еден сет, а во вториот поради здравствени проблеми размислуваше да го предаде мечот.
Надал го доби првиот сет, а потоа Кирјос возврати со тај-брејк во вториот. Надал шансите за победа ги пропушти во третиот сет, во шестиот гем не реализира пет брејк-топки. И третиот сет, потоа Кирјос го доби во тај-брејк.
Надал не успеа да реализира три меч топки, а Кирјос со серија од пет поени го заврши мечот. Надал никогаш не успеал да добие тај-брејк против Кирјос.
Кирјос во четврт-финалето ќе игра против Стан Вавринка.