Top Sport

Кирјос и Кокинакис го освоија АО

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис ја освоија титулата во машки довјки на Австралија опен. Кирјос и Кокинакис со 7/5, 6/4 ги победија сонародониците Метју Ебден и Макс Пурсел.

Дуелот на двојките кои не беа меѓу носителите, а уште помалку фаворитите за титулата, донсе голема борба и два брејка кои го решија победникот.

Кирјос и Кокинакис, кои на турнирот влегоа со специјална покана, во првиот сет направија брејк во 11.гем, а во вториот во седмиот. Доволно за првиот гренд-слем трофеј во нивните кариери.

На патот до финалето пред Кирјос и Кокинакис паднаа следниве двојки: Болт/Мекеб, првите носители Павиќ и Мектиќ, 15.носители Ескобар и Бехар, шестите носители Пуц и Винус и третите фаворити Гранољес и Себаљос.

За победата Кирјос и Кокинакис заработија 675.000 американски долари.

 

Scroll to Top