Австралискиот тенисер Ник Кирјос открива дека „секоја недела“ има секс со некоја навивачка, признавајќи дека веќе не е во врска со руската тенисерка Ана Калинскаја.
Одговарајќи онлајн на прашањата од неговите навивачи, светскиот рекет број 40 познат како „лошото момче на тенисот“ се пофали со својата популарност кај дамите.
„Да. Сериозно, ако не сум во врска со некого, тоа се случува секоја недела“, одговори Кирјос на прашањето дали некогаш спиел со некоја навивачка.
25-годишниот Австралиец признава дека понекогаш ја губи концентрацијата на тениските мечеви ако има некоја згодна девојка на трибините, откривајќи дека тоа се случило во меч со Роџер Федерер во Лејвер купот.
Тој исто така потврди дека веќе не е во врска со Калинскаја, која пред неколку недели го нарече „вампир“ на социјалните мрежи.
„Што се случи со Калинскаја? Ништо не се случи. Отидовме посебно. За жал, работите не профункционираа, но беше забавно“, додава Кирјос.