Top Sport

Кјелини: Го почитувам Суарез за тоа што ме гризна!

Автобиографијата на Џорџо Кјелини продолжува да носи „бисери“ и необични ставови на искусниот капитен на Јувентус, од кое последното тврдење е дека тој го почитува уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, кој го гризна во еден од најневеројатните моменти на Светското првенство во 2014 година.

Италија и Уругвај се сретнаа во првата нокаут фаза од Светското првенство во Бразил и Италијанците останаа со играч помалку по час игра по опасниот старт на Клаудио Маркизио. Уругвајците ја имаа иницијативата и на девет минути пред крајот, Суарез по третпат во својата кариера се обиде да гризне противник. Судијата, зачудувачки, не му додели црвен картон, и по еден корнер Диего Годин стрелаше и ги однесе Уругвајците во осминафинале.

„Вистината е дека го почитувам тој гест, бидејќи ако Суарез го загуби тоа, тогаш ќе стане само просечен фудбалер. Ништо чудно не се случи тој ден на Светското првенство. Го чував Единсон Кавани во поголемиот дел од мечот, уште еден компликуван фудбалер за ’пазење’ и не се штедевме. Одеднаш сфатив дека сум гризнат на рамото. Тоа беше неговата стратегија за борење човек-со-човек, и ако можам да кажам, иста е и мојата стратегија. Суарез и јас сме слични и сакам да играм против такви луше. Неколку дена по мечот му се јавив, но тој не требаше да ми се извинува. И јас сум кулкин син на теренот и горд сум на тоа. Такви работи се дел од спортот и не би ги нарекол мамење. Мораш да бидеш интелигентен да го победиш твојот ривал“, пишува Кјелини.

Каков татко, таков син! Синот на Суарез „гризеше“!

Scroll to Top