Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос има нова девојка, јавуваат австралиските медиуми, откако бил забележан во друштво со 20-годишната руска тенисерка Ана Калинскаја.
Калинскаја првпат беше забележана откако ја елиминираше поранешната шампионка од САД опен, Слоун Стивенс во првото коло на турнирот во Њујорк, и според „Њуз.ау“, Кирјос, кој беше во врска со Аља Томљановиќ до неодамна, бил постојано присутен на социјалните мрежи на Русинката.
Австралиецот беше забележан во нејзиниот ВИП-бокс на Сити опен во Вашингтон во јули, во меч во кој Русинката се обиде да сервира лежерно и призна дека е „инспирирана“ од Ник Кирјос.
Кирјос е 27. на АТП листата, додека Калинскаја е на 113. место на ВТА листата.